Ропство
Дејди, моја мила мајко,
от кај иде силен екот,
дење-ноке век ќе крене
мира мајко не ни дава?
Дали негде огин гор(и)
та сред огин змии пиштат:
ели, мајко, веди трештат
та се пуста земнја тресе? —
„Нити, синко, огин гори,
ни сред огин змии пиштат,
нити веди, синко, трештат,
ни се пуста земнја тресе,
туку, синко, полошо е
и од огин и од вода,
врие, чедо, тиран гладен
низ нашава црна земнја;
кај што мине — чума мори,
кај што седне — земнја пишти;
нигде помен не остави,
ни од живо, ни од мртво.“
Автор: Коле Неделковски
Извор: Wikisource - Молскавици / Ропство Лиценца: Public Domain